Ekipa
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ХАДРАМАВТ (АА) - Терористичката организација ДАЕШ презеде одговорност за утринскиот терористички напад во Јемен во кој се убиени најмалку 25, а ранети 60 јеменски војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција "AMAQ", медиумскиот орган на терористите на ДАЕШ, пренесе соопштение во кое ДАЕШ презема одговорност за нападот кој се случи во областа Мукала во јужната јеменска покраина Хадрамавт.
Неименувани локални извори соопштија дека бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот пред воената касарна „Ен Најде” во местото Фух, а станува збор за касарна во која се спроведува обука за млади воени регрути.
Помеѓу ранетите има и неколку животно загрозени, па се стравува дека билансот на загинати би можел да се зголеми.