Emin Avundukluoğlu
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Турскиот парламент утре ќе расправа и ќе гласа за предлогот за продолжување на вонредната состојба во таа земја за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим на парламентот му доставија препорака за тримесечно продолжување на вонредната состојба која истекува во среда.
Покрај владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти), се очекува предлогот да го подржат и парламентарните пратеници од опозициската Партија на националното движење (МХП).
Вонредната состојба во Турција е воведеа на 20. јули минатата година, пет дена откако што терористичката организација ФЕТО го изведе неуспешниот обид за воен удар во таа земја.
Вонредната состојба е воведена поради поефикасна борба против тероризмот, а претседателот на Турција Ердоган неодамна рече дека вонредната состојба ќе биде укината кога веќе нема да биде потребна борбата против тероризмот и додаде дека би требало тоа да се случи во блиска иднина.
Во текот на вонредната состојба на сила, претседателот на Турција и владата имаат овластувања да донесуваат декрети без редовни парламентарни процедури, а тие декрети парламентот само формално ги ратификува откако се објавуваат во службен весник.
Највисоките турски функционери од почетокот на воведување на таа состојба тврдат дека истата на било кој начин не ги ограничува слободите на луѓето, ниту пак предизвикува било какви промени во нивните секојдневни активности, туку дека се користи исклучиво како механизам за поефикасна борба против тероризмот.
На утрешната седница на турскиот парламент, односно Големото народно собрание на Република Турција, на дневен ред ќе биде и прашањето на едногодишната мисија на турскитео оружени сили во рамките на мисијата на Обединетите нации во Либан (UNIFIL).
Оваа мисија е воспоставена 1978. година по повлекување на израелските сили од Либан, а нејзината цел е да им помогне на властите на таа земја да воспостават сопствен безбедносен и државен поредок.
Паралелно со тоа, надлежната парламентарна комисија ќе ја продолжи расправата за реформа на неколку подзаконски акти кои се однесуваат на работата на парламентот. Предлогот на дневниот ред би требало да биде по 24. јули.