Enes Kaplan
07 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со свечена церемонија во Претседателската палата во Анкара го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го пречека Вучиќ на главното плато пред Претседателската палата каде што беа интонирани химните на двете земји, а потоа Вучиќ на турски јазик ја поздрави почесната гарда пред палата.
Ердоган и Вучиќ ги поздравија делегациите на двете земји, а потоа се фотографираа.

Двајцата лидери преминаа на тет-а-тет средба, а подоцна ќе учествуваат на сесијата на Советот за соработка на високо ниво.
По завршување на церемонијата за потпишување договори, Ердоган и Вучиќ ќе одржат заедничка прес-конференција.
Ердоган ќе приреди вечера во чест на српскиот претседател Вучиќ.
Дел од делегацијата на Ердоган се министри и други високи државни лица, меѓу кои и турскиот вицепремиер Фикир Ишик, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и претседателскиот портпарол, Ибрахим Калин.