Gökhan Ergöçün
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Над 1.000 експерти за брза железница од целиот свет оваа недела ќе се сретнат во главниот град на Турција, Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Светскиот конгрес за брза железница ќе се одржи во Анкара од 8 до 11 мај, под покровителство на турскиот премиер.
Меѓународната унија на железници (UIC) и Турските државни железници (TCDD) ја организираат оваа десетта повторна средба.
На настанот се очекува да присуствуваат и турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Аслан.
Главната тема на Конгресот е споделување знаења за одржливи и конкурентни операции.
Конгресот ќе се реализира преку сесии, трговска изложба и технички посети.
Конгресот, којшто се одржува на секои две години, е најпроминентниот глобален настан во областа на брзата железница. Претходно, домаќини на конгресот беа Белгија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Кина, САД и Јапонија.
Во последниве години, Турција реализираше серија проекти во брзата железница, започнувајќи со отворањето на линијата Анкара - Ескишехир во 2009 година. Во 2011 година беше отворена линијата Анкара - Коња, во должина од над 200 километри, по што следуваше линијата Ескишехир - Истанбул во 2014 година.
Земјата сè уште работи на линијата на брза железница Анкара - Измир со должина од 625 километри и железничката линија Анкара - Сивас, во должина од околу 400 километри.