Burcu Çalık
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека е потребно со одлука на Владата да им се забрани на училиштата и установите поврзани со терористичката организација ФЕТО, а кои работат надвор од границите на Турција, на било кој начин да се повикуваат на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„И таа одлука на Владата, преку Министерството за надворешни работи, треба да им се пренесе на институциите на земјите во кои таквите институции делуваат” , јавува Ердоган.
Турскиот претседател изјави дека нема никаква разлика помеѓу терористичките организации ПКК, ФЕТО или ДАЕШ.
„Сите тие се непријатели на нашата земја, народ, татковина и знаме. Сите заедно можевме јасно да го видиме тоа и по 15 јули. Токму поради тоа ќе ја продолжиме одлучната борба сè додека не ги искорениме сите терористички организации”, изјави Ердоган.