Diyar Güldoğan
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турција е единствената земја присутна во Сирија од хуманитарни причини, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Експлицитно велам дека Турција е единствената земја што е во Сирија за хуманитарни цели“, изјави Ердоган на церемонијата на претставување на Турската воена академија во главниот град Анкара.
Ердоган нагласи дека Турција нема намера да „окупира“ кој било дел од Сирија, туку дека се обидува да ја осигура безбедноста на нејзиниот народ.
„Турција е на прво место кога станува збор за обезбедувањето хуманитарна помош во однос на нејзиниот национален приход“, додаде тој.
Сирија само што почна да испливува од конфликтот кој започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.
- Борбата против терористичката организација ФЕТО -
Турскиот претседател Ердоган во денешното обраќање се осврна и на борбата на Турција против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар од 2016 година.
Тој рече дека борбата на Турција против ФЕТО продолжува според законот, додавајќи дека нема место за омекнување или колебање во борбата против ФЕТО.
„Без правење разлика, Турција е против секој обид за државен удар, насекаде во светот“, рече Ердоган.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.