Ekipa
21 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека вонредната состојба во Турција се однесува само на борбата против тероризмот, и дека таа не претставува никаков проблем за оние кои сакаат да инвестираат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во Истанбул говореше на Генералното собрание на Турскиот одбор за надворешна трговија (DEIK), на кое се осврна и на предизвиците и целите кои пред себе ги има турската економија.
„Мораме двојно да го зголемиме економскиот раст, со цел да ги оствариме целите кои ги поставивме до 2023 година“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција има за цел да се постигне ниво на надворешна трговија од трилион долари, како и национален доход од два трилиони долари.
Ердоган ги охрабри и оние кои сакаат да инвестираат во Турција.
„Можеме да слушнеме дека поединци понекогаш се жалат на вонредната состојба и со тоа настојуваат да ја нарушат желбата на инвеститорите да вложуваат во нашата земја. Сакам да му порачам на целиот деловен свет и да прашам дали некогаш вонредната состојба е користена за некоја друга цел, освен за борбата против тероризмот“, порача Ердоган.