Bekim Laci
09 декември 2015•Ажурирај: 10 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска информираше за моменталната ситуација во врска со загадувањето на воздухот и ефектите врз здравјето, со препораки кои ќе бидат испратени до релевантните државни институции, јавува Anadolu Agency (AA).
Националниот координатор на здравствениот сектор, Драган Ѓорѓев, кој е и член на работната група за управување со квалитетот на воздухот, истакна дека Македонија има 17 станици за квалитет на мерење на воздух, и во моментов мнозинството од нив покажуваат присуство на честици од 10 микрони, повеќе од дозволеното ниво. Тој додаде дека влегуваме во фаза во која мора да се преземе акција за активност на алармантното ниво.
"Ова присуство покажува дека ситуацијата која ја имаме е алармантна, не дека другите години било подобро, но повторно се наоѓаме во таква ситуација и секој има своја улога", рече Ѓорѓев, според кој се очекува зголемување на пациентите во болниците од причината за загадуваниот воздух, и тоа најмногу кај пациентите кои имаат хронични проблеми со дишењето и срцето.
Институтот за јавно здравје, рече Георгиев ќе укаже на причините на загадувањето, според него, доаѓа од стари автомобили и палење на пластика или масло, за кои истакна дека се потребни проверки од страна на инспекторите.
"Во однос на препораките, тие може да бидат престанок на градбите во периодот кога има поголемо загадување на воздухот, и ќе препорача затворање на училиштата и градинките, но како што е објаснето за ова ќе се дискутира во текот на следната недела кога ќе се дискутираат новите нивоа на загадување ", рече Ѓорѓев.
Во однос на најзагадените градови, тој рече дека на врвот се Тетово и Скопје, а во случајот на Тетово, Ѓорѓев рече дека не може да се обвинат двата комбинати, Југохром и Тетекс бидејќи значајна улога во загадувањето на животната средина, исто така има и сообраќајниот метеж и горивото за домаќинства. Во случајот на Југохром, Ѓорѓев препорачува итна замена на филтри, додека за другиот комбинат, односно за Тетекс препорачува да се направи замена на гориво со почисто.