Admir Fazlagikj
22 ноември 2015•Ажурирај: 23 ноември 2015
БИТОЛА (АА) – По повод одбележување 107 години од денот кога група албански интелектуалци од регионот, на познатиот Битолски конгрес, донесоа одлука за утврдување и усвојување на албанската азбука, министерот за образование на Македонија, Албанија и Косово потпишаа договор за соработка во сферата на образованието, науката и спортот, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за образование на Република Македонија Абдулаќим Адеми рече дека овој договор е потпишан во духот на Манастирскиот конгрес.
Министерот за образование и спорт на Албанија Линдита Никола, рече дека за министерствата на трите земји овој договор е од голем значај и дека договорот ќе овозможи соработката во системот на образование да биде подобра.
Министерот за образование, наука и технологија на Косово Арсим Бајрами кажа дека овие три земји омозвужајќи образование на европско ниво ќе соработуваат во процесот на народна интеграција на граѓаните на овие земји.
Муса Џафери, вицепремиер во Владата на РМ, за спроведување на Охридскиот Рамковниот договор, истакна дека градот Битола е центар на албанската култура бидејќи азбуката на албанскиот јазик е формирана токму во овој град.
Денот на албанската азбука се одбележува што се одржа од 14 до 22 ноември во 1908 во Битола со цел . На конгресот присуствуваа делегати од Албанија, кои ја одобрија азбуката со неколку промени, за да азбуката има 36 букви во албанската азбука.