Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Кери: Дамаск да не се обидува да ги загрози мировните преговори во Женева

Во седиштето на француското министерство за надворешни работи во Париз денес се состанаа шефовите на дипломатиите на Франција, САД, Италија, Германија и ЕУ, а разговараа за кризните состојби во Сирија, Либија, Јемен и Украина
Onur Usta
13 Март 2016•Ажурирано: 15 Март 2016
Кери: Дамаск да не се обидува да ги загрози мировните преговори во Женева
Paris

ПАРИЗ (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери, ги повика сите спротивставени страни во Сирија да се придржуваат на договорениот прекин на огнот, а сириската власт и нејзините сојузници ги предупреди дека се лажат ако мислат дека со неодговорното однесување ќе можат да ги тестираат границите на прекинот на огнот, за да извлечат максимална корист на теренот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во седиштето на француското министерство за надворешни работи во Париз денес се состанаа шефовите на дипломатиите на Франција, САД, Италија, Германија и комесарката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

На состанокот е разговарано за ситуацијата во Сирија, Либија, Јемен и Украина, како и за борбата против терористичката организација ДАЕШ.

По состанокот се одржа и заедничка прес-конференција на која Кери го предупреди режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад да не се обидува да го загрози процесот на мировни преговори во Женева, туку да покаже одговорност во почитувањето на договорот.

„Сите страни мора да го почитуваат прекинот на огнот, мора да соработуваат на отворањето на коридорот за достава на хуманитарната помош и мора предано да учествуваат во процесот на мировни преговори. Сирискиот режим и неговите сојузници се лажат доколку мислат дека може да ги тестираат границите на прекинот на огнот и да расправаат за претходно преземните обврски”, порача Кери.

Потсетувајќи на неодамнешната изјава на сирискиот министер за надворешни работи Велид Муалим, кој изјави дека сириската влада нема да разговара со оној кој сака да расправа за политичката иднина на претседателот Асад, Кери кажа дека таквите изјави се очигледен обид да се загрозат мировните преговори.

Францускиот министер за надворешни работи и домаќин на денешниот состанок во Париз, Жан-Марк Ејро, потсети дека војната во Сирија влегува во својата шеста година и дека утре во Женева започнува новата рунда мировни преговори. Порача дека Франција и понатаму ќе ја поддржува умерената сириска опозиција.

Тој рече дека договорениот прекин на огнот во Сирија мора во целост да се почитува, со цел да се создаде позитивен и сигурен амбиент за процесот на преговорите.

Рече дека досегашните преговори донесоа одредени добри резултати на теренот, но дека мора да се истрае во процесот на воспоставување траен мир.

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на сирискиот министер Муалим, Ејро изјави дека тоа е провокација и лош сигнал од Дамаск.

related_topics:
Џон КериЖан-Марк Ејро
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
 „Ловец на бегалци” со АТВ возило на бугарско-турската граница

„Ловец на бегалци” со АТВ возило на бугарско-турската граница

Следно

Тачи и Бушати изразија сочуство на семејствата на жртвите на терористичкиот напад во Анкара

Тачи и Бушати изразија сочуство на семејствата на жртвите на терористичкиот напад во Анкара

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градот Охрид, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, ги привлекува посетителите во летната сезона

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џон Кери на 14-ти февруари во официјална посета на Тирана

Џон Кери на 14-ти февруари во официјална посета на Тирана

Џон Кери допатува во официјална посета на Тирана

Џон Кери допатува во официјална посета на Тирана

Кери: Албанија се движи во вистинска насока

Кери: Албанија се движи во вистинска насока

Кери во Москва на состанок со Путин и Лавров за Сирија

Кери во Москва на состанок со Путин и Лавров за Сирија

Кери пристигна во Брисел на разговори за борбата против екстремизмот

Кери пристигна во Брисел на разговори за борбата против екстремизмот

Средба Чавушоглу-Кери: Мораме да го победиме тероризмот

Средба Чавушоглу-Кери: Мораме да го победиме тероризмот

Кери: Спремни сме да му понудиме додатна помош на Ирак

Кери: Спремни сме да му понудиме додатна помош на Ирак

Бајден остро ја критикуваше политиката на израелскиот премиер Нетанјаху

Бајден остро ја критикуваше политиката на израелскиот премиер Нетанјаху

„Договорот за прекин на огнот во Сирија во одредени региони е неуспешен”

„Договорот за прекин на огнот во Сирија во одредени региони е неуспешен”

„Корупцијата му помага на тероризмот, мораме заедно да се бориме против тоа”

„Корупцијата му помага на тероризмот, мораме заедно да се бориме против тоа”