Mustafa Melih Ahıshalı
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Командантот на Револуционерната гарда на Иран, Мухамад Али Џафари, тврди дека антивладините демонстрации што се одржаа последните денови во земјата се завршени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џафари, во изјава за државната телевизија на Иран, нагласи дека денес е денот кога завршуваат овие демонстрации. Тој вели дека демонстрациите што во четвртокот започнаа поради економски причини, во петокот се претворија во антивладини протести. За овие случувања тој ги обвини САД, Израел и Саудиска Арабија.
По повикот од админстрацијата на Иран, поддржувачите на Владата денес одржаа митинг за нејзина поддршка во градовите Ахваз, Абадан, Горган, Илам, Ерак, Хорамабад, Керманшах и Бушехер.
Незадоволни од економската ситуација во земјата, иранските демонстранти започнаа да протестираат во градот Мешхед на 28 декември, а протестите набрзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Според соопштеното, во протестите загинаа најмалку 24 лица, а над илјада демонстранти низ земјата се приведени.