Sayed Khodaberdi Sadat
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Во акцијата организирана во областа Дарзаб, во авганистанската покраина Џузан, убиени се 26 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Џузан, Факир Мухамед Џузани, истакна дека припадниците на безбедносните сили во Сердере и Алкани извеле воздушна и копнена акција.
Џузани нагласи дека меѓу убиените припадници на ДЕАШ се наоѓаат тројца државјани на Франција и четворица Узбекистанци.
Во воздушниот напад загинаа двајца цивили, а неколкумина беа повредени.
Терористичката организација ДЕАШ во авганистанската покраина Џузан е активна околу една година.