Evren Aydemir
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека и покрај одредени критики кон Владата, напорите на Турција во врска со сириските бегалци се за пофалба, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел денеска во нејзиното обраќање во Бундестагот се осврна на темите разговарани на Самитот на Европскиот совет.
„Разговаравме и за втората финансиска помош од 3 милијарди што ќе бидат не во корист на Турција, туку во корист на 3,9 милиони бегалци што ги прифати Турција. Ја прифативме и оваа втора помош. Турција може да се критикува, но Турција даде голем придонес за сириските бегалци, и тоа е за пофалба“, рече Меркел.
Меркел рече дека за иднината на Германија и на цела Европа, миграциското прашање треба да се реши со вистински планови и според меѓународното право.
Германската канцеларка нагласи дека е важно да се заштитат надворешните граници на земјите членки на Европската Унија (ЕУ), и додаде дека во оваа насока реализираат средби претежно со Австрија и Грција. Таа истакна дека за Италија се важни договорите што ќе се постигнат особено со африканските земји, и помошта за овие земји.
Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) побарале од Германија во рамките на НАТО да ги зголеми трошоците за одбраната, Меркел нагласи дека изразува задоволство од одлуката за зголемување на тие трошоци. Таа рече дека ќе продолжат со поголемо зголемување на овие трошоци, и дека Германија ќе продолжи да биде доверлив партнер на НАТО.