Ayhan Şimşek
29 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел планира да се откаже од раководната улога во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на партискиот конгрес во декември, објавија денес локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меркел пред извршниот комитет на партијата истакнала дека нема намера повторно да се кандидира за претседател на партијата, но дека сака да остане како канцелар, објави германската агенција ДПА (DPA), неделникот „Дер Шпигел“ (Der Spiegel) и разни други медиуми.
Нејзината одлука дојде откако ЦДУ и нејзината сестринска партија ЦСУ претрпеа тежок пораз на неодамнешните регионални избори во германските сојузни покраини Баварија и Хесен.
Меркел на чело на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е цели 18 години.