Merve Özlem Çakır,Dilara Zengin
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Населението на Турција во 2017 година се зголеми за 995.654 жители во споредба со 2016 година, и надмина 80 милиони жители, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот завод за статистика (TÜİK) ги соопшти резултатите од „Пописот на населението за 2017 година врз основа на адреси“.
Според тие резултати, населението на Турција во 2016 година броело 79.814.871 жители, додека оваа бројка во 2017 година се зголемила за 995.654 жители, односно вкупен број од 80.810.525 жители.
Стапката на машката популација е 50,1 проценти, (40.535.135), додека на женската популација 49,8 отсто (40.275.390).
Според соопштеното, стапката на пораст на населението во 2016 била 13,5 во илјада жители, додека оваа бројка во 2017 година се намалила на 12,4 во илјада жители.