Şerife Çetin
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека прашањето околу Договорот за нуклеарните сили од среден дострел е предизвикано од тоа што администрацијата на Москва не го почитува овој Договор, и упати апел до Русија за исполнување на обврските од Договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, во изјава за медиумите во Норвешка каде што престојува заради најголемата воена вежба на НАТО од Студената војна, „Trident Juncture 18“, истакна дека Русија го прекршила овој Договор со позиционирање на проектили што можат да носат боеви глави во Европа.
„Упатуваме апел до Русија за почитување на Договорот. Ниту еден договор не може да опстои со еднострано спроведување“, додаде тој.
Столтенберг нагласи дека сите сојузници се вознемирени од однесувањата на Русија кои го прекршуваат Договорот.
Тој потсети дека на оваа обука организирана од страна на НАТО заедно со 29 сојузници и некои партнери, учествуваат 50.000 војници, 250 авиони, 65 бродови и 10.000 возила. Истакна дека обуката „Trident Juncture“ има одбранбена цел, и не ја зема како цел ниту една земја.