Mahmut Geldi
20 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Адил ал Хасани, еден од раководителите на Јужните сили на отпорот на Јемен, зборуваше за измачувањата што во јеменските затвори ги спроведуваат единиците поврзани со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Anadolu Agency (AA).
На телевизискиот канал „Ал Џезира“ (El-Cezire), со седиште во Катар, во емисијата „Без граници“ (Bila Hudud) гостуваше Хасани, кој зборуваше за вистинската улога на ОАЕ во јужните градови на Јемен што се под контрола на владата и нивната поврзаност со измачувањата и атентатите.
Хасани изјави дека Обединетите Арапски Емирати скриените затвори во јужниот дел од земјата, почнувајќи од градот Аден, кој е привремен главен град, ги користи како центри за измачување, посочувајќи дека тој бил еден од првите приведени во Аден од страна на силите на Емиратите, што биле измачувани во тие затвори.
- Бруталните затвори на Обединетите Арапски Емирати -
Хасани истакна бидејќи го одбил предлогот на Шејх Ахмед Салих ал Иса, асистент на Кабинетот на претседателот Абдурабу Мансур Хади, да работи заедно со единиците на ОАЕ, во август 2016 година е приведен од ОАЕ и пренесен во еден од тајните затвори. Тој нагласи дека станал цел на ОАЕ поради неговата голема улога во спречувањето градот Аден да биде заземен од страна на силите што ги поддржувал Иса.
Истакна дека во тајните затвори целиот персонал го сочинуваат лица од Обединетите Арапски Емирати или од Колумбија, и дека во никој случај не земаат Јеменци. Хасани продолжи со зборовите:
„Во споменатите тајни затвори се спроведуваат најразлични начини на измачување, како што се тепање, електрошокови, силување. Дури можеше да се види како од ќелиите се извлекуваат затвореници кои загубиле крв откако биле жртви на измачување. Знам дека меѓу 42-те лица кои починаа како жртви на измачување се и Саид ад Девбехи и Шукри ес Сакаф.“
Хасани потсети дека има чуено за незадоволството на офицерите на Саудиска Арабија од однесувањето на силите на Обединетите Арапски Емирати во јужниот дел на Јемен, истакнувајќи дека не разбира зошто администрацијата на Ријад останува нема кон таквите прекршувања.
- Саудиска Арабија, на групите во јужниот дел им ја пренесе тајната агенда на Обединетите Арапски Емирати -
Хасани рече дека Саудиска Арабија, документот кој ја содржел тајната агенда на ОАЕ му го доставила на раководството на Јужните сили на отпорот. Во споменатиот документ станува збор за повеќе теми, меѓу кои и планот на ОАЕ за преземање контрола врз сите пристаништа во јужниот дел на земјата и формирање милитантни групи, надвор од владините сили, кои би се користеле за ликвидација на противниците, првенствено на припадниците на партијата Ислах, за која е познато дека е блиска со движењето Муслимански браќа.
Хасани рече дека Саудиска Арабија не е запознаена со сите лица што ОАЕ сака да ги ликвидира, додавајќи „Четите на Мухамед бин Зајид досега во јужниот дел на Јемен убија над 100 муслимани, меѓу кои има имами и воени лидери. Во моментов, сето она што се доживува на југот од Јемен, можев да го видам во документот што го достави Саудиска Арабија.“
Спроведувачи на тајната агенда на Абу Даби во Јемен, според Хасани се Хани бин Берик, заменик-претседателот на Советот на политичка транзиција, формиран од страна на сепаратистичкото Јужно движење и од некои други лица, опишувајќи го Хани бин Берик како „војник на ОАЕ“.
Хасани рече дека зад делата поврзани со атентати, киднапирања, изнудувања и дрога во Аден и во другите јужни градови стои разузнавачкиот офицер Ебу Халифе Саид ал Мехири, и додаде:
„Секој кој служи за спроведување во живот на тајната агенда на ОАЕ, до завршувањето на проектот е безбеден, но кога работата ќе заврши, станува ликвидиран од сопствената милиција. Пример, Недим ес Санани, кој во име на ОАЕ во градот Таиз изведуваше атентати, во исто време беше црната кутија на бригадата Ебу ал Абас, но поради информациите кои ги поседуваше, беше виден како закана и преку ден беше убиен од страна на силите Хизам Емни, кои се поврзани со ОАЕ.“
Силите именувани како Хизам Емни, поддржани од Обединетите Арапски Емирати, формирани се во 2015 година, со цел да дејствуваат во Аден и околните провинции. Споменатите сили се раководени од страна на администраторите на структурата позната како Совет на политичка транзиција, кој сака поделба на Јемен.