Satuk Buğra Kutlugün
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, денес беше неколкупати застрелан во текот на изложба во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Карлов држел говор при отворање на изложба на фотографии кога вооружен напаѓач пукал врз него.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, соопшти дека рускиот амбасадор во Турција им подлегнал на повредите.