Andaç Hongur
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателката на Малта, Мари-Луиз Колеиро-Прека, во текот на посетата на Турција најави продолжување на поддршката на преговорите за членство помеѓу Анкара и Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Прека на состанокот на Деловниот совет Турција-Малта, одржан во Истанбул, рече дека во текот на посетата на оваа земја има можност да се фокусира на неколку работи.
Се осврна и на чекорите што треба да бидат преземени за унапредување на билатералната соработка.
Порача дека Малта и Турција не се конкуренти.
„Имаме многу добра соработка. Заедно можеме да ја подигнеме на повисоко ниво. Стратешкиот потенцијал на Малта е многу висок. Сличен потенцијал има и Турција. Турција за Евроазија и Средоземјето е исклучително важна земја“, рече Прека.
Додаде дека во Турција допатувала со експерти во неколку полиња, меѓу кои се и претставници во приватниот сектор.
Верува дека благодарејќи на состанокот ќе бидат реализирани значителни можности. Додаде и дека благодарејќи на состанокот и средбата на делегациите, билатералните односи и приватниот сектор би можеле да бидат додатно развиени.
Потсети дека Малта во последните неколку години остварила значителен економски напредок и укажа на зголемувањето на директните странски инвестиции, кои во вториот квартал на 2018 година изнесувале речиси милијарда евра.
Додаде дека успех на Малта е можен со успех на малтешките компании.
Појасни дека туризмот е сектор на кој Малта му придава посебно внимание и дека нуди можности за образовен туризам.
Прека ги повика турските инвеститори да дојдат на Малта и да ја анализираат состојбата.
Се осврна и на преговорите кои Турција ги води со Европската Унија (ЕУ).
„Нашата Влада ќе продолжи да ги поддржува преговорите помеѓу Турција и ЕУ. Малта поддржува политика на проширување на ЕУ“, нагласи Прека.