Furkan Naci Top
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
АТИНА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, за руско-туските односи изјави: „Добивме образложување, но досега не добивме извинување. Ние сакаме да ги подобриме односите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Рускиот претседател Путин кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Грција во Атина имаше заедничка прес-конференција со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
На прашањето за соборениот руски авион од страна на туското воено воздухопловство поради нарушувањето на турскиот воздушен простор, Путин изјави дека цел на руските воздухопловни сили не била редовната војска, туку терористичките организации.
Путин истакнувајќи дека никогаш не размисувале за војна со Турција, рече: „Се надевам дека никогаш нема да се дојде до таа точка. Се случи што се случи. Но не беше соборен само авионот. Беше убиен и пилотот на авионот. Според меѓународните закони тоа е воено злосторство. На таа тема добивме образложение, но досега не добивме извинување. Ние сакаме да ги подобриме напите односи. Овие односи ние не ги нарушивме. Зборовите не се доволни. Потребно е да направат нешто. Ние сме во контакт со Турција. Постојат многу начини да се биде во контакт. Ги очекуваме главните чекори од нивна страна. Но засега нема никаков исчекор.“
За гасоводот Јужен тек Путин изјави дека бил блокиран од страна на ЕУ и САД и додаде: „Ќе ви кажам една тајна. Турција првично бараше намалување на актуелните цени на гасот. Со нив можевме да се договориме. Сакавме да продолжиме со Турскиот тек. Но повторно не успеавме да се договориме со нашите партнери од ЕУ. Ние сме подготвени на оваа тема да соработуваме со некој партнер од Европа. Но претходно бараме одредени гаранции. Не можеме да започнеме проект врз база на обични зборови. Не планираме парите да ги тошиме напразно“ , изјави Путин.
На прашањето за формирање на Курдска држава на северот од Сирија, Путин изјави: „Курдската држава не е наша работа. Тоа е прашање за Курдите и околните држави. По ова прашање во контакт сме со колегите. Потребно е да се започне со мировниот процес и да дојдеме до разумен резултат. Ќе направиме се што е потребно за да се постигне политичко решение“ , одговори рускиот претседател.
На прашањето за руската окупација на Крим, Путин одговори дека Кримското прашање е дефинитвно затворено. „Кримското прашање дефинитивно е затворено. Тоа е одлука на луѓето кои што живеат на Крим. Русија на таа тема нема да преговара со никого“, одговори Путин.
Премиерот Ципрас истакнувајќи дека како дел од Европската унија и НАТО, имаат одредени обрски изјави: „Грција може да помогне во развојот на односите меѓу Русија и ЕУ. Нема друга држава во ЕУ која може да биде од корист за подобрување на односите како што тоа може да го направи Грција. Грција може да направи исчекот и да ја пополни празнината. Не смееме повторно да се вратиме во времето на студената војна. Дијалогот е единствено решение.“
Ципрас истакна дека за состојбата во Украина битен е мирот и стабилноста и повика науспгласување со Договорот од Минск.
Во рамките на посетата на претседателот Путин на Грција, беше потпишан договор за соработка во областите на енергетиката, туризмот, рударството и фармација.