Mahmut Atanur
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
ЏАКАРТА (AA) - Спасувачките екипи од морето извлекоа тела на 24 загинати лица во вчерашната авионска несреќа во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Патничкиот авион на компанијата „Лајон ер“ („Lion Air“) со 189 членови на посадата и патници се урна вчера во море кај островот Јава, недолго по полетување од Џакарта.
Спасувачките екипи на местото на несреќата пронашле и во Џакарта испратиле посмртни остатоци од 24 жртви.
Локалниот весник Темпо јавува дека семејствата на страданите во комбниот лет „JT 610“ се повикувани да дадат примероци од ДНК анализа поради идентификација на жртвите.
На местото на несреќата пронајдени се и помали делови од авионот, како и лични предмети на патниците, а денес во спасувачката акција ќе бидат вклучени и нуркачки тимови кои би требало да го пронајдат трупот на авионот.
Надлежните индонезиски функционери соопштија дека до сега не откриле никакви знаци дека би можело да има преживани во несреќата.
Од компанијата „Лајон ер“ соопштено е дека авионот од типот „Boeing 737 MAX 8“ на претходниот лет имал технички проблеми, но дека се сервисирани.
Директорот на компанијата Едвард Сираит рече дека со авионот управувал 31 годишен пилот од Индија, Бавје Сунеја, и додаде дека станува збор за млад, но многу искусен пилот.