Ekipa
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
ТАОРМИНА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО сојузот ќе биде уште посилен бидејќи земјите членки значајно го зголемиле финансиското издвојување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу земји на НАТО се согласија значајно да ги зголемат платите, доколку биде потребно. Парите почнуваат да се внесуваат во НАТО поради што ќе биде уште посилен”, порача денес преку социјалната мрежа Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп.
Земјите членки не уплатуваат пари директно на САД или сојузот на НАТО, туку во своите земји го вложуваат во вооружување или други потреби поврзани за одбрана.
Претседателот на САД ги поддржа тековните напори за земјите членки да се обврзат дека најмалку два отсто од својот бруто домашен производ ќе вложуваат во одбрана. Само пет членки во моментот ја остваруваат оваа цел, додека останатите земји се обврзаа дека ќе го сторат тоа до 2024 година.
Трамп присуствува на состанокот со лидерите на земјите Г7 во Таормина во Сицилија.
„Денес не чека голем Г7 состанок. Не чекаат многу важни прашања за кои ќе дискутираме. Прв на листата е секако тероризмот”, напиша Трамп на својот профил на Твитер.