Ekipa
16 Февруари 2019•Ажурирај: 17 Февруари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанските и турските поморски сили спроведоа заедничка вежба во Арапското Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фрегатата на турската морнарица, „TCG Gokceada“, бродовите на пакистанската морнарица, „Alamgir“ и ASLAT, и авионите на поморската патрола на долг домет учествуваа во вежбата „Turgutreis III“.
„Главната цел на вежбата беше да се подобри интероперабилноста меѓу двете братски морнарици“, се соопштува од пакистанската морнарица.
Претходно овој месец, „TCG Gokceada“ пристигна во пристанишниот град Карачи за учество во мултинационалната поморска вежба AMAN-19, во организација на Пакистан. Турската морнарица е редовен учесник во вежбата AMAN, која пакистанската морнарица ја спроведува од 2007 година.
„Turgutreis“ е трета по ред вежба, а претходните две се спроведени во пакистанските и турските води. Вежбата вклучуваше широк спектар на поморски операции.
Пакистан и Турција негуваат цврсти односи засновани на религиозната врска и културните афинитети.