Cuneyt Davut
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турскиот Вицепремиер Нуман Куртулмуш, придружуван од пратеникот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партиja) од Истанбул, Хусеин Бурге, членовите на придружната делегација како и неговата сопруга, Севги Куртулмуш, пристигна во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш на аеродромот Александар Велики пристигна со приватен авион каде што беше пречекан од страна на турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, потсекретарот на турската амбасада во Скопје, Синан Ертај, министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија, Фуркан Чако, ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, проф. д-р. Исмаил Коџајусуфоглу, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки, Кенан Хасипи, претседателот на Турската демократска партија во Макеоднија (ТДП) и пратеник во Собранието на РМ, како и претставници на невладини организации и турски институции во земјата.
Во Скопје, Куртулмуш ќе ја посети Старата скопска чаршија, во Мустафа Пашината џамија ќе присуствува на петочната молитва, а потоа ќе учествува на ручекот во Кампусот на Меѓународниот балкански универзитет.
Турскиот Вицепремиер, исто така, ќе биде присутен и на церемонијата на доделување дипломи од страна на Меѓународниот балкански универзитет, каде што ќе одржи и говор.