Zeynep Akyıl
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Мехмет Шимшек, беше гостин на уредничкиот колегиум на Anadolu Agency (АА).
Шимшек изјави: „Неодамна падна кредитниот рејтинг на Русија и на Бразил. Откако паднаа кредитните рејтинзи во овие земји, одговорот на пазарот беше многу поголем во однос на оној на Турција. Намалувањето на кредитниот рејтинг на Русија и на Бразил е многу подлабок во однос на оној на Турција. Ограничениот одраз на намалувањето на кредитниот рејтинг во Турција покажува дека Турција во однос на другите земји во развој има постабилна основа“.
- „Не е небитно, но не е ниту крај на светот“ -
Вицепремиерот на Турција Шимшек, во врска со изјавата на меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ го рече следното: „Не е небитна, но не е ниту крај на светот. Зошто? Затоа што инвеститорите не ги следат само „Мудис“, „Стандард и Пурс“ и „Фич“. Всушност, пазарите реагираат многу побргу од агенциите за кредитен рејтинг, изработуваат многу поквалитетни анализи и не го следат минатото“.
Турскиот вицепремиер понатаму во изјавата вели: „Сѐ додека продолжува борбата за политичка стабилност, со силната поддршка на народот и сочуваното единство и заедништво во државата, Турција ќе ги надминува сите проблеми. Ние повторно ќе го издигнеме нашиот кредитен рејтинг. Ќе работиме, ќе вложуваме напори да го постигнеме тоа“.
- „Ќе го направиме потребното“ -
Шимшек, во врска со предлогот за продолжување на вонредната состојба во Турција од страна на Советот за национална безбедност, рече: „Тоа е привремена одлука со која за народот ќе се загарантираат основните права и слободата, земјата ќе ги добие својот спокој и мир и ќе го консолидира братството во државата. За таа цел, Советот предложи продолжување на вонредната состојба за уште три месеци. Се разбира дека ние, како влада, ќе го разгледаме тоа и ќе ги преземеме потребните чекори во согласност со тоа“.
- „Се подразбира дека е потребна реформа на правниот систем“ -
Вицепремиерот на Турција, Шимшек, го рече следното: „Во периодот од 17 до 25 декември можевме да видиме како беше политизирано судството, како дел од судството ја отфрли настрана својата одговорност кон народот, законите, уставот и се водеше според инструкциите што доаѓаа од некои кои беа оддалечени 10 илјади километри. Се разбира дека овој правен систем е потребно да се реформира, треба да се забрза. Правдата треба да се темели на перформансот, не треба да се однесува според една или друга идеологија“.
Турскиот вицепремиер, Мехмет Шимшек одговараше на прашања од дневна тематика како гостин на уредничкиот колегиум на Anadolu Agency (АА).