Çiğdem Pala
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ИСТНАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Тиап Ердоган на церемонијата на доделувањето на наградите и гала вечерта во рамките на натпреварувањето на краткометражни филмови кое се одржува во Истанбул, говореше и за состојбата во Сирија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што рече, додека Турција го отвори своето срце и граници на угнетените и жртвите, оние кои се "играат три мајмуни" им затворија одредени врати.
“Кај нив нема сожалување, нема правда. Кај нив постои диктатура и тиранија. Додека ние се обидовме проблемот да го решиме од корен, да воспоставиме сигурно подрачје во Сирија и да го остраниме она што луѓето ги тера на миграции, тие се повлекуваа на друга страна", рече Ердоган и додаде дека тие кои зборуваат дека во Сирија се борат против терористичката организација ДАЕШ, не и нанесоа толкава штета на таа организација колкава и нанесе Турција.
Тој додаде дека Турција во борбата против ДАЕШ "која од една страна со бомбаши самоубијци, а од друга страна со напади на турската провинција Килис нанесе болка", е препуштена сама на себе.
“Разликата помеѓу реакциите на бомбите кои експлодираа во Анкара и Истанбул и реакцијата на нападите во Париз и Брисел не е ништо освен олицетворение на неправдата", порача турскиот претседател.
Истакна дека власта во Турција не се обидува да ја зајакне и развие Турција за да управува со други луѓе.
“Целта ни е да го смениме развојот на настаните кои дојдоа до тоа ниво да ја загрозуваат иднината на човечштвото и да станеме порта за надежта за угнетените", истакна Ердоган.