Hamdi Çelikbaş
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (AA) – Турција ги зголеми финансиските обврски за одредени увозни производи од Соединетите Американски Држави (САД), меѓу кои за некои се зголемени за повеќе од 100 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Службениот весник на Република Турција објавена е одлуката која ја потпиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за воведување дополнителни финансиски обврски на увозни американски производи.
Според одлуката која ја потпиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, воведените дополнителни обврски кои стапија на сила на 11 јули 2018 година, зголемени се за одредени производи.
Меѓу производите за кои е воведена дополнителна финансиска обврска се издвојуваат оризот (50 отсто), алкохолни пијалаци, во зависност од процентот на алкохолот (до 140 отсто), тутунот во лист (60 отсто), патнички возила и други моторни возила, произведени главно за превоз на луѓе, вклучувајќи тркачки автомобили (120 отсто). Дополнителните обврски се воведени и на бројни козметички, но и на бројни други производи.