Övünç Kutlu
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - На последниот тениски грен слем турнир УС Опен, победник во машка поединечна конкуренција е Новак Ѓоковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на тенискиот грен слем турнир во машка поединечна конкуренција во Њујорк се сретнаа шестопласираниот тенисер на светската АТП-листа, Србинот Новак Ѓоковиќ, и третопласираниот Аргентинец, Хуан Мартин дел Порто.
- Трета победа на УС Опен -
Во натпреварот што траеше 3 часа и 16 минути, Ѓоковиќ (31) го совлада Дел Порто со резултат 3 : 0, по сетови 6 : 3, 7 : 6 и 6 : 3 и по третпат стана победник на УС Опен.

Покрај тоа, ова е 14. грен слем титула на Ѓоковиќ во неговата кариера, со што се изедначи со поранешниот американски тенисер Пит Сампрас, кој играше во периодот од 1988 до 2003 година.
По победата, Ѓоковиќ во своето победничко обраќање рече дека Сампрас бил негов идол, и додаде дека им се заблагодарува на неговото семејство и најблиските за поддршката што му ја даваат.
- „Верувам дека следната година ќе го освои овој турнир“ -
Посочувајќи на долгогодишните повреди што Дел Порто ги имаше во својата кариера, Ѓоковиќ рече: „По операцијата на лактот што ја имав годинава, во потполност разбрав што сè преживеа Дел Порто по операциите во изминатите 2-3 години. Тоа беа тешки времиња, но се учиме од тие моменти. Тој продолжува да верува дека еден ден ќе биде еден од најдобрите светски тенисери и јас верувам дека следната година тој ќе го освои овој турнир“.

Ѓоковиќ со победата на УС Опен освои парична награда од 3,8 милиони долари.
- „Среќен сум поради Новак“ -
Дел Порто кој го загуби финалето, им се заблагодари на навивачите што му ја дадоа својата поддршка на натпреварот и изјави: „Во моментов воошто не е лесно да се зборува. Многу сум среќен што овој финален натпревар го одиграв против еден извонреден идол (Ѓоковиќ). Тој знае дека ова е еден од моите последни турнири и дека сакав да извојувам победа против него. Се разбира дека ми е жал што загубив, но среќен сум за Новак“.
Дел Порто кој пред 9 години го освои УС Опен, рече дека подолг период се бори со повредите и го изрази своето задоволство што стигнал до финалето на овој турнир.
Прв на листата на тенисери со најголем број освоени грен слем турнири е Роџер Федерер - 20, додека второпласиран е Рафаел Надал со освоени 17 турнири.