Dejan Maksimoviç
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Зинедин Зидан, францускиот тренер и поранешен извонреден светски фудбалер, за шпанските медиуми изјави дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зидан на крајот од минатата сезона, неочекувано ја напушти клупата на Реал Мадрид, по освојувањето на третата последователна титула шампион на Европа. Оттогаш, не прекинуваат медиумските шпекулации за тоа дали Зидан повторно ќе ѝ се врати на тренерската професија.
„Нема сомневање во тоа. Наскоро ќе ѝ се вратам на тренерската работа, бидејќи тоа е нешто во кое уживам“, рече Зидан.
По оваа изјава само дополнително ќе се засилат гласините дека Зидан ќе го преземе тимот на Манчестер Јунајтед, кому под водство на Жозе Мурињо не му оди најдобро сезонава. Британските медиуми веќе објавија дека Французинот, доколку го преземе Јунајтед, ќе доведе четири засилувања, Хамес Родригез, Тони Крос, Тиаго Алкантара и Едилсон Кавани.