Arif Yakıcı
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Истанбул изјави дека Обединетите нации (ОН) треба да донесат радикални одлуки што ќе го зајакнат угледот на оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие денови се одржува Генералното собрание на Обединетите нации (ОН). Најважната обврска што ја има ОН е донесувањето радикални одлуки што ќе го зајакнат угледот на оваа институција. Тие одлуки се завршување на долгогодишните регионални недоразбирања и при донесувањето на тие одлуки, некои немоќни луѓе да не бидат жртви на конкуренцијата на другите земји. Се надевам дека ОН еден ден ќе дојде во состојба кога ќе ги извршува своите обврски во контекст на целта на своето основање“, порача турскиот премиер Бинали Јилдирим.