Gülşen Topçu
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ДОХА (АА) - Во Катар денес ќе биде отворено првото „Турско училиште”, јавува Anadolu Agency (AA).
Училиштето на почетокот ќе го посетуваат деца кои се турски државјани, а во иднина ќе биде отворено за сите кои живеат во Катар.
Директорот на училиштето Мехмет Али Каратосун, изјави дека ова училиште ќе им овозможи на семејствата кои живеат во Катар да останат подолго време таму и да биде прилика што повеќе семејства да дојдат во Катар.
Каратосун додаде дека училиштето е поврзано со Министерството за образование на Турција и дека активностите ќе ги надгледува амбасадата на таа земја во Доха. Покрај тоа, ова училиште ќе биде поевтино во однос на другите приватни училишта.
Директорот Каратосун додаде дека во изградбата на училиштатата помогнале катарските власти.
Според неговите зборови училиштето има капацитет за 350 ученици и зазема простор од 11.000 квадратни метри, а изградена е за две години.
Минатиот декември во Доха отворен е Институтот „ Јунус Емре”.
Во Катар, според последните статистики живеат околу 7.000 државјани на Турција.