Abdula Berisha
11 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, пристигна во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија, при што беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни и воени почести пред Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на членовите на двете делегации.
Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Посетата во Северна Македонија е дел од регионалната турнеја на германскиот канцелар и доаѓа по вчерашната посета на Србија и Косово.