Ekipa
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
БЕРЛИН (АА) – Министерот за правда на Германија, Хеико Мас, во рамките на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ, рече дека предлага отворање на поглавјата за правосудството и основните права, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Мас во репотражата за весникот „Der Tagesspiegel“ изјави дека дадените поглавја се предизвик во преговорите, истакнувајќи верување дека тие се неопходни, и продолжи: „Европска Унија подолг период одржува средби со Турција во врска со нејзиното членство. Сметам дека е од корист отворањето на поглавјата за правосудството и основните човекови права.“
Мас ја бранеше тезата дека потребно е Турција особено да се докаже на полето на независноста на печатот и на полето на правдата, изјавувајќи дека ова се тешки прашања, но прашања за кои верува дека можат да ѝ помогнат на Турција да го отвори патот.
Мас истакна дека прашањето за бегалците доведе до непотребни дискусии кои се поврзуваа со членството на Турција во ЕУ. „Нема да има отстапки за Турција. Ние стоиме зад нашите вредности. Слободата на печатот и мислата се основни права за кои нема отстапки“, рече Мас.