Ilkay Guder
10 декември 2015•Ажурирај: 11 декември 2015
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу, го претстави денеска Акциониот план на новоименуваната Влада на Република Турција за наредната година кој донесува низа добри вести за работниците, младите, пензионерите, претприемачите и другите категории на населението, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската Влада во рамките на Конгресниот центар на АТО во Анкара истакна дека ова е историски ден и историски состанок, кога на јавноста и се потврдува дека Владата ќе ги исполни дадените предизборни ветувања и ќе го продолжи трендот на развојот на државата на политичко, економско, социјално и друи полиња.
Истакнувајќи дека во наредните седум дена Советот на министри на Турција ќе ја усвои одлуката за имплементација на Акциониот план, Давутоглу рече дека ќиде формиран тим за координациај и надзор на реформите и реформските групи.
- Поттикнување на младите -
„На младите, на база на нивните проекти ќе им даваме неповратна парична помош до 50.000 лири (15.655 евра). Првиот чекор во тој контекст ќе го направиме на 24. декември на свеченото доделување за најдобрите иницијативи. Покренуваме процес на давање на бескаматни кредити на младите во износ до 100. 000 лири (31.310 евра)“, рече Давутоглу.
Најави дека во наредните три месеци ќе бидат воведени мерките со кои државата ќе ги сноси сите едногодишни трошоци на младите кои ќе најдат вработување, вклучувајќи плати и придонеси.
„ За учениците и студентите ги укинуваме трошоците за издавање на пасош, а трошоците за служење на воен рок за државјаните кои живеат во странство ќе ги намалиме од 6.000 на 1.000 евра “, изјави Давутоглу и најави олеснувања на младите во областа на здравственото осигурување и стажирање на средношколците и студентите.
Давутолу рече дека државата ќе ги ослабоди од даночни давачки сите занаетчии кои остваруваат помала заработка.
Давутоглу кажа дека процесот на развојот на руралните региони на целата територија на Турција ќе биде забрзан. Во тој контекст најави укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на сите ѓубрива и сточна храна. Владата ќе дава до 130 илади лири (9.400 евра) неповратна парична поддршка на фармерите и земјоделците кои ќе поднесат барање за помош во реализација на проектите.
Акциониот план на турската Влада за наредната година предвидува и олеснувања за пензионерите, односно најавено е укинување на неколку редовни издатоци.
- Зголемување на минималната плата -
„Минималната плата во државата, со Божја помош, ќе ја зголемиме на 1.300 отсто. Покрај овие промени за работниите, паралелно ќе воведеме и промени кои ќе ја зајакнат конкурентноста на работодавачите на пазарот,а посебно ќе работиме на растеретување на теретот на грбот на малите и средните претрпијатија" , изјави Давутоглу.
Зголемување на платите е посебно најавено за полицајците, кои ќе добијат и за 25 проценти поголеми отпремнини при заминување во пензија.
Со цел додатно унапредување на квалитетот на образованието, во Турција во наредните три месеци ќе биде основана Академијата за наставници, на која наставниците и професорите ќе имаат можност за професионално напредување.
Уште некои од мерките најавни во Акциониот план се давање на правниот статус на алевитските светилишта, како и подобрување на животниот стандард на ромската заедница.
Давутоглу рече и во правосудниот систем ќе дојде до низа мерки со цел поефикасна и подобра работа на тие институции.
-Уставната реформа еден од приоритетите-
Истакнувајќи дека уставните реформи и понатаму се темелен приоритет на турската власт, Давутоглу кажа дека наскоро повторно ќе се разговара со лидерите на сите политички партии за неопходноста за тие реформи во земјата.
Тој ги повика сите политички лидеи ова прашање да не го гледаат од личен, партиски или политички аспект, туку да дојдат и со конструктивен дијалог и расправа сите заедно да го сменат уставот кој е оставина од добата на државните удари, во устав кој ќе се одликува со демократија, слобода и човекови права.
Давутоглу рече дека сега е време да се остварат ветувањата и порача дека нема недопирливи и дека Владата на Република Турција ќе работи во интерес на сите граѓани.