Cüneyt Ateş
03 декември 2015•Ажурирај: 03 декември 2015
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, изјави денес во Анкара дека „веќе никој не верува во лагите на советската пропагандна машинерија“, јавува Anadolu Agency (АА).
Говорејќи за мноштвото информации за ситуацијата во тек и по соборувањето на рускиот воен авион кој на 24-ти ноември, откако го наруши воздушниот простор на Турција го пресретнаа турски авиони, Давутоглу рече дека кај Русија видливи се знаците на советската оставина.
„За време на Студената војна постоеше советска пропагандна машинерија. Секојдневно произведуваше лаги, најпрво сами во нив веруваа, а потоа очекуваа и светот да им поверува. Иако мислевме дека Русија во последните 20 години ја напушти таквата оставина, тие советски особини излегуваат на површина една по една. Никој не придава значење на лагите на советската пропагандна машинерија“, рече трускиот премиер пред заминувањето во посета на Азејберџан.
Тој ја повтори поддршката на турската заштита на целосност на Азејрберџан, кој во моментот нема целосна контрола над целата своја територија.