АЛЕПО/АНКАРА (АА) - Се верува дека околу 18.000 борци припадници на шиитската паравојска се борат заедно со режимот на Асад во Сирија, која е зафатена од жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, изјавија локални извори за Аnadolu Аgency (AA).
Изворите, кои не го открија својот идентитет поради безбедносни причини, изјавија дека борците од шиитската паравојска се ангажирани во интензивни акции против опозициските сили во јужниот дел на земјата.
Околу 9.000 борци од шиитската паравојска се распоредени во јужниот дел на Алепо во северозападна Сирија, додека 5.000 се борат во областа на Дамаск, Дера и Кунејтра познати како „ јужен фронт”, велат изворите.
Според изворите, околу 2.000 борци на шиитската паравојска се исто така распоредени во источните делови на провинциите Хомс и Латакија.
- Паравојска поддржана од страна на Иран -
Сирискиот конфликт, исто така, го повлече и соседен Иран, кој ги распореди силите да го поддржат режимот на Асад против силно вооружените опозициски сили.
Според извештајот на иранските медиуми, повеќе од 400 ирански војници беа убиени во борбите во Сирија уште од почетокот на конфликтот во 2011 година.
Шестгодишниот конфликт ја повлече и либанската шиитска група Хезболах, поддржана од страна на шиитите во Иран.
Според проценките, се смета дека најмалку 10.000 борци на Хезболах се борат за режимот на Асад во Сирија.
Се смета дека илјадници борци се убиени во текот на конфликтот. Шиитската група досега го нема потврдено точниот број на загинати свои припадници во борбите во Сирија..
Ирачката шиитска паравојска, следи по Хезболах, како една од највлијателните групи кои се борат заедно со режимот на Асад во Сирија.
Оваа паравојска од Ирак, претежно доаѓa од области со доминантно шиитско население како Багдад, Наџаф и Басра, се проценува дека брои скоро 5.000 припадници.
Исто така, во поддршка на Асадовиот режим учествуваат пакистанската шиитска бригада Зејнебиун која брои над 500 членови и делува во северниот дел на Алепо и авганистанската бригада Фатимиун кои имаат околу 2.000 борци активни во јужниот дел на Алепо, Дамаск и Дера.
- „Шабиха” -
Режимот на Асад ги користи локалните воени групи познати како „Шабиха”, со цел да ги зајакне своите сили против опозицијата.
„Шабиха”, обвинета за убивање на многу анти-Асад протестанти, се смета дека брои околу 24.000 членови.
Во првата година од конфликтот, паравојската на „Шабиха” почна да ги заменува војниците кои дезертираа од војската. Нивниот број значително се зголеми откатко силите на режимот ја загубија моќта.
Се верува дека „Шабиха” е финансирана од страна на про-режимски племенски лидери и бизнисмени, вклучувајќи го и роднината на Асад, Рами Маклуф.
news_share_descriptionsubscription_contact
