Ekip
20 Август 2022•Ажурирај: 22 Август 2022
Пратениците во Парламентот на Црна Гора гласаа за недоверба на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
На гласањето учествуваа 51 пратеник. За недоверба на Владата гласаа 50 членови на Парламентот од партиите ДПС, СДП, СД, Либерална партија, Бошњачка партија, ДУА, „Вистинска Црна Гора“ и Демократите, додека еден пратеник гласаше против.
Пред гласањето, пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промена (ПзП), Народната социјалистичка партија (ПКС), Демос и граѓанското движење УРА ја напуштија пленарната седница.
Ова е вторпат за краток период да ѝ биде изгласана недоверба на Владата на Црна Гора. Претходно, 42-та влада на Црна Гора беше разрешена од Собранието на 4 февруари.