Özüm Yalkın
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Во врска со одлуката на народот на Велика Британија да излезе од унијата, Јилдирим изјави: „Се надеваме дека оваа одлука на англискиот народ е правилна одлука. Зборување на таа тема мислам дека нема никакво значење”, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим истакна дека одлуката воглавно се однесува на ЕУ, и дека врз основа на ова одлука на англискиот народ и настанатата состојба, потребно е уште еднаш добро да се разгледа визијата за иднината и додаде:
„Сеопфатно земајќи, може да се воочи дека сите членки во унијата не се на идеално ниво. Станува збор за незадоволство, кое се покажа со овој референдум. Турција е земја која со години се труди и работи за членство во ЕУ. Овој и други слични забелешки во неколку наврати го споделивме со различни органи на унијата."
„Ние сме за зајакнување на унијата и нејзин континуитет. Ова е значајна тема за безбедноста и мирот во Европа. Но на оваа тема, Европската унија, мора да го напушти својот изолациски приодкон останатите земји, и мора да биде посеопфатна во изнаоѓањето на својата визија за иднината."
За премиерот на Англија и поднесената оставка по неуспехот на неговата кампања за останот на Англија во ЕУ, Јилдирим изјави:
„Почитуваниот Камерон, кампањата за останувањето на Англија во ЕУ ја базираше врз Турција и за Турција кажа некои чудни забелешки, кои кај англиските гласачи не го нарушија нејзиниот углед. Дека се погрешни размислувања за Турција, кои за време на кампањата ги презентираше Камерон, народот му покажа на последиот референдум. Камерон, кој и кажа збогум на Турција, англискиот народ го прати во историја и му кажа збогум."
За територијалниот интегритет на Турција, премиерот Јилдирим, рече:
„На било кој поединец или институција, нема да му се гледа со благонаклоност. Кон оние кои имаат претензии кон нашата земја за која е пролеана крвта на нашите херои, никогаш, никогаш нема да бидеме толерантни. Каква и да е нивната титула, позиција, за направеното дело ќе го добијат заслуженото.”