Zeynep Tüfekçi
25 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија соопшти дека информациите кои дојдоа од Турција покажуваат дека осомничените во случајот „Кашоги“, убиството го планирале претходно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската официјална новинска агенција СПА, главниот обвинител на Саудиска Арабија, Сауд Муџеб, истакнува: „Информациите кои дојдоа од братската земја Турција преку заедничката работна група формирана меѓу Турција и Саудиска Арабија, покажуваат дека осомничените во случајот „Кашоги“, убиството го планирале претходно.“
Муџеб нагласува дека Главното обвинителство ќе ја продолжи истрагата кон осомничените сѐ додека не се открие вистината во рамки на добиените информации.