Melike Balkaya
24 Мај 2025•Ажурирај: 28 Мај 2025
ИЗМИР (АА) - Оваа пролет во Зоолошката градина во Измир се родија вкупно 70 зебри, лемури, газели, диви и ангорски кози, известува Анадолу.
Во писменото соопштение на паркот се наведува дека паркот е збогатен со 70 новороддени животни, од кои две зебри, два прстеноопашести лемури, 44 газели, 19 диви кози и 3 ангорски кози.
Директорот на Зоолошката градина соопшти дека раѓањата започнале со доаѓањето на пролетта и дека животните се адаптирале на животот во Зоолошката градина.
- Штркот со жолт клун е на пат да стане мајка
Од Зоолошката градина информираат дека жолтоклунестиот штрк кој пристигнал оваа година снесол јајца, дека е во фаза на инкубација и очекуваат малечките да се изведат околу почетокот на јуни. Тоа би било за првпат во Зоолошката градина да се роди жолтоклунест штрк.