Ekip
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
ОВИЕДО (АА) - Вчера се евакуирани околу 300 луѓе од пет градови во регион Екстремадура, во западниот дел на Шпанија, а пожарникарите се борат да изгаснат комплициран шумски пожар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти веќе ја повикаа шпанската војска да помогне во гаснењето на шумскиот пожар во бујната планинска област Лас Хурдес.
Сликите од локациите покажуваат дека пламените јазици се доближиле на само неколку метри од куќите.
Околу 170 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, кој, како што рече градоначалникот на градот Нуноморал, бил предизвикан од удар на гром, во комбинација со високи температури и суша.
Температурите во Шпанија последните денови беа екстремно високи, а се очекува да растат до петок.
Голем дел од земјата, вклучително и Екстремадура, се наоѓа во „екстремен“ ризик од шумски пожари.
Соседна Португалија вчера влезе во состојба на готовност поради опасност од настанување на пожари.