Talha Yavuz
22 Јануари 2022•Ажурирај: 23 Јануари 2022
Агенција Анадолија (АА) ги сними војниците на Украинските вооружени сили на фронтот во подрачјето на Станица Луганскаја во регионот Донбас, на истокот на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фронтот во близина на Станица Луганскаја, што сведочеше на судирите помеѓу украинската Војска и проруските сепаратисти, се наоѓа во регионот Луганск во Донбас.
Како резултат на минофрлачките гаѓања од страна на проруските сепаратисти пред околу два месеци, оштетени беа куќите во едно село во близина на подрачјето, а жителите го напуштија ова место.
Додека во текот на денот на фронтот нема судири, војниците редовно патролираат по подрачјето и го набљудуваат регионот со двогледи.

Во периодот на пораст на тензиите помеѓу Русија и Западот, очите се насочени кон активистите на линијата на фронтот помеѓу проруските сепаратисти и регионот под контрола на украинската Војска, на самата граница на двете земји.
Со дипломатските иницијативи и понатаму има обид да се спречи тензиите во регионот да прераснат во војна, а воените движења на линијата на фронтот и по должината на границата внимателно ги следи целиот свет.

Демонстрациите избија во главниот град на Украина, Киев, на 21 ноември 2013 година, откако украинскиот претседател Виктор Јануковиќ не го потпиша Договорот за пристапување кон Европската Унија. Откако Јануковиќ избега од земјата во февруари 2014 година, демонстрациите станаа масовни, а проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.

Повеќе од 13.000 луѓе се убиени во судирите помеѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година.