Ayşe Doğru
22 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Седум лица загинаа, додека околу 20 лица се повредени во пожар што избувна во 20-катна зграда во индискиот град Мумбај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, во утринските часови избувнал пожар на 18. кат од 20-катната зграда во населба Тардео. Пожарот потоа за кратко време ја зафатил целата зграда.
Градоначалникот на ова подрачје, Кишори Педнекар, истакна дека пожарот избувнал како резултат на спој во клима-уред.
Се истакнува дека во пожарот загинале 7 лица, додека околу 20 лица се повредени.
Над 90 отсто од жителите на оваа зграда успеале да ја напуштат зградата со свои напори или со помош на соседите.