Sayed Khodaberdi Sadat
17 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку две деца загинаа во експлозија што се случи во авганистанската провинција Kaписа, јавува Anadolu Agency (AA).
Разак Јакуб, шеф на полицијата во провинцијата Кaписа, потврди дека се работи за експлозивна направа што претходно била поставенa покрај патот, а е активирана додека по патот поминувале деца.
„Во експлозијата загинаа две лица, а две други деца се повредени", рече Jакуб.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.