Atila Altuntaş
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Избувна пожар во дом за бегалци во градот Векше, во јужниот дел на Шведска, во кој престојуваат 200 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави националната новинска агенција ТТ, шефот на противпожарникарсната служба во градот Векше, Јоаким Карлсон, соопштил дека со три противпожарни возила било интервенирано во пожарот што избувна синоќа. Карлсон изјави дека дрвените градби биле целосно изгорени, но во пожарот немало загинати или повредени, бидејќи домот бил навремено евакуиран.
Полицијата започна истрага во врска со случајот, а се сомнева дека пожарот во домот за бегалци бил подметнат.