Ekipa
27 март 2017•Ажурирај: 28 март 2017
ОУКЛЕНД (АА) - Популарната британска пејачка и музичарка Адел Лори Блу Адкинс, позната како Адел, изјави дека не е сигурна дека некогаш повторно ќе настапи на концертна турнеја, јавува Anadolu Agency (AA).
Адел синоќа го одржа претпоследниот концерт на светската турнеја во Оукленд, а новозеландскиот весник „НЗ Хералд“ јавува дека таа на публиката и соопштила дека турнеите не се нешто во кое е добра и дека не знае дали некогаш повторно ќе има таков настап.
Последна станица на нејзината турнеја летово ќе бидат четирите концерти на стадионот Вембли, во нејзиниот роден град Лондон.
Таа со шега успеа да го ублажи разочарувањето на нејзините фанови, со изјавата дека пред концертот залудно потрошила два часа на шминка и фризура.