Michael Gabriel Hernandez
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар денес изјави дека било кој енергетски проект што ќе се спроведе во Источниот Медитеран без учество на Турција е осуден на пропаст, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција, како земја со најдолг континентален брег во Источниот Медитеран има суверени права во неговите поморски области“, рече Акар за време на виртуелната конференција, организирана од турската организација на наследство со седиште во Вашингтон.
„Активностите поврзани со јаглеводород во Турција во Источниот Медитеран се целосно засновани на нејзините легитимни права и меѓународното право. Енергетските проекти во Источниот Медитеран без учество на Турција се осудени на неуспех. Ние силно веруваме дека може да се постигне мир и стабилност во регионот преку дијалог “, додаде тој.
Осврнувајќи се на Либија, каде Анкара ја поддржува Владата на Национално единство (ГНА) признаена од ОН во Триполи, Акар рече дека турската хуманитарна и воена помош ќе продолжат одлучно.
Минатиот ноември, Турција и Либија потпишаа значајни договори за воена соработка и граници во Медитеранот.
Поморскиот пакт, ефективен од 8 декември, ги нагласува правата на Турција во Источниот Медитеран во услови на еднострано дупчење од страна на администрацијата на кипарските Грци, истовремено тврдејќи дека Турската Република Северен Кипар (TRNC), исто така, има права на ресурсите во областа.
Акар рече дека ГНА бiла „присилeна“ да ја започне својата контра-офанзива против силите на Калифа Хафтар во март, откако тие поставиле опсада во Триполи, додавајќи дека тие „ја прекинале водата, електричната енергија во Триполи дури и кога цивилите страдале од Ковид- 19.“
„Иронично е да се забележат повици за прекин на огнот токму кога Хафтар започна да губи на теренот. Како што силите на Хафтар започнаа да се повлекуваат од Триполи, тие зад себе оставија мини и експлозиви“, рече тој, додавајќи дека турскиот тим против експлозиви „неутрализирал“ многу експлозиви.
Тој понатаму ја повтори длабоката загриженост на Турција во врска со откривањето на 19 масовни гробници во области порано зафатени од Хафтар, во кои беа опфатени останките на повеќе од 200 луѓе.
Осврнувајќи се и на активностите на Турција во Сирија, Акар го повтори ставот дека терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ ја искористиле оваа празнина на моќ, првин ДЕАШ потоа ЈПГ, кој е сириски огранок на ПКК, и се обиделе да воспостават терористички коридор во северна Сирија“.
„Ние се изјаснивме, одново и одново дека нема да дозволиме да се воспостави терористички коридор на јужниот дел на нашата граница“, рече тој. „Затоа бевме принудени да спроведеме три операции во северна Сирија“.
Акар исто така изјави дека како што ДЕАШ не ги претставува муслиманите, така ни ПКК/ЈПГ не ги претставува Курдите.
„Нашата борба не е со ниту една етничка група, туку само со терористите“, рече Акар.