Kemal Karadağ
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Кемал Карадаг
Сопственикот на меѓународната компанија за правни работи „Amsterdam&Partners", Роберт Амстердам, кој се занимава со истражување на активностите на теориристичката организација ФЕТО во светот, изјави дека таа организација богатството го троши за нападите на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Амстердам за АА изјави дека неговите истражувања на активностите на ФЕТО се во тек. Тој потсети дека и неговата објавена книга „Империја на измама: Истражувањето за мрежата на училиштата на ФЕТО“ се базира на факти.
Тврди дека терористичката организација ФЕТО во 29 сојузни американски држави извршила кражба од 300 милиони долари.
Тој изјави дека книгата, која е пратена на различни претставници во 29 сојузни земји, во наредните неколку месеци би требало да биде достапна и во Турција и тоа на турски јазик.
Тој потсети дека во САД се наоѓаат околу 200 училишта на ФЕТО и дека нивното раководство поголемиот дел се состои од турски државјани.
Тој истакна дека покрај училишта, ФЕТО поседува и компании.
„Системот работи на следниот начин: Се земаат пари од јавноста и се полнат џеповите на ФЕТО. И за недвижнините се одредуваат превисоки цени, се земаат повеќе пари. Ист е принципот и за образование и изградба. Можеме да кажеме дека организацијата на Фетула Ѓулен, речиси развила научен систем кога станува збор за прекумерните цени. Така крадат пари од луѓето“, изјави Амстердам.
Во книгата укажа на тоа дека ФЕТО настојува да влијае на американските официјални лица на сојузно и локално ниво.
Амстердам изјави дека Фетула Ѓулен користи штит.
„Наша цел е да ја прикажеме мрежата на организацијата не само во САД туку и Европа и Африка. Работиме на другата книга која ќе ја напишеме на оваа тема. Во книгата која ќе излезе за неколку месеци ќе се фокусираме на политичките активности на Ѓулен во САД“, изјави Амстердам.
Според неговите зборови, во втората книга за прв пат ќе бидат прикажани донациите на организацијата со што ќе биде покажан патот до политичките активности на Ѓулен.
Амстердам изјави дека во САД се водат активности на информирање, а во многу сојузни земји, вклучувајќи го Њујорк, локалните претставници на медиумите ги истражуваат активностите на ФЕТО.
Тој додаде дека смета оти и во американската влада постојат оние кои настојуваат да го заштитат Ѓулен.
Тој изјави дека луѓето се повеќе слушаат за Ѓулен и дека организацијата полека се разоткрива.
„Ѓулен даде донации во значајни износи. Можеме да кажеме дека на лобирање месечно се троши меѓу половина милион и милион долари. Овие пари се трошат за да ја нападне Турција, секој кој работи за Турција, и заштита и поттикнување на своите активности“, изјави Амстердам.
Тој тврди дека се фалсификувани резултатите од испитите во училиштата на ФЕТО во САД и дека овие училишта не пружаат добро образование.
„Не ја сфаќајте лесно сумата на пари која водичот на ФЕТО, Ѓулен би можел да ја потроши. Да победеше Хилари Клинтон на изборите работата би ни била потешка и до десет пати. Можеме да кажеме дека победата на Трамп во САД за нас отвори еден политички простор. По победата на Трамп започна процесот на следење на сите кои се поврзуваат со Ѓулен“, изјави Амстердам.
Амстердам рече дека ФЕТО и во Африка има сличен пристап на оној во САД.
Исто така, порача дека заканите на организацијата нема да ги предомислат.
Тој смета исто така дека успесите на Турција и нејзинитот претседател Реџеп Таип Ердоган се за пофалба.
Амстердам рече дека турската влада не барала увид на истражувањата пред тие да бидат објавени, што предизвикало неверување кај одредени лица.