Ömer Koparan,Adham Kako
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
ЏАРАБУЛУС
Во местото Џарабулус, кое се наоѓа во подрачјето на дејствување на операцијата „Штитот на Еуфрат“, активиран е експлозив поставен во еден мотоцикл. Бројот на ранети од експлозијата се искачи на 12 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, активирана е бомба поставена во еден мотоцикл во местото Џарабулус, кое се наоѓа во границите на територијата што Турција ја исчисти од терористи во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Во нападот се ранети 12 цивили, од кои двајца потешко.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но безбедносните сили кои се поврзани со Слободната сириска војска (ССВ) сметаат дека е голема веројатноста нападот да е извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
На 9 март во центарот на Џарабулус беше активирана бомба поставена во мотоцикл. Во тој напад животот го загубија тројца припадници на ССВ.