Ömer Tuğrul Çam
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
БРИСЕЛ
Во седиштето на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) во Брисел започна состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на таа организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во воведното обраќање истакна дека очекува ресорните министри да донесат одлуки за новите цели и јакнење на сојузничките способности и капацитети.
„Министрите ќе го договорат сеопфатниот план кој ќе обезбеди во вистинско време и на вистинско место да се најдат вистинските сили за одбрана на Евроатлантскиот Регион“, изјави Столтенберг.
Најавувајќи дека ќе биде постигнат и договор за првата стратегија на НАТО за вештачка интелигенција, Столтенберг изјави дека ќе биде основан и иновациски фонд со цел инвестирање од милијарди евра.
Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за неколку теми во Брисел, но со акцент на ситуацијата во Авганистан, односите со Русија, борбата против тероризмот, подемот на Кина и односите со Европската Унија.